offline
- Pridružio: 03 Maj 2011
- Poruke: 43
|
Napisano: 04 Maj 2011 14:25
- Лебеди -
Само еден бел лебед плива во ноќта,
и тој е сега сосема сам,
и нема таков научник на светов
што ќе каже дали е тој млад или стар...!
Два бели, најбели лебеди пливаат
во езеро тивко, најбистро, бело,
и види : - кога се доближија тие
со вратовите направија срце цело...!
Три лебеди, пребели се сите,
пливаат, но не летаат во лет,
се доближија еден до друг
- и, направија прекрасен цвет...!
*
На пристаниште-мост јас сам во мракот
со нозете во водата седам,
лебеди, бесмртност, срце, цвет,
езеро прекрасно сјајно гледам.....
Dopuna: 04 Maj 2011 22:16
- Цветот што умира -
Едно малечко девојче
прекрасен цвет скинало,
бело цветче прекрасно,
цвет со жолто оченце...
Цветот има витка линија,
долга сламка зелена,
но нема домче - коренче,
а без корен се‘ умира...
Играше со него девојчето,
играше, играше, се изнаигра,
после кај што дедо и‘ работеше,
на мал насип го закачи...
Остана на насип цветчето,
закопано, а без коренче,
остана со главчето нагоре,
со жолтото око кон небото...
Помина време, помина,
тивко ветерче задува,
цветчето во бол се наведна,
- цветот убав што умира...
Dopuna: 04 Maj 2011 22:31
- Бела пеперутка -
О ти пеперутке бела
што леташ сама, нежна и смела,
што живееш за себе
а не заради други,
кажи ми малечка : ,, Дали ти студи ??? “
О ти пеперутке снежна,
ти си толку убава и нежна,
дали во месецов април
кога студот на се‘ му смета,
кажи ми да знам : ,, Како сега ти се лета ??? “
О ти пеперутке лесна,
дали ја слушаш мојата песна,
дали допрена на вишновата гранка
на која што уште нема цут мал,
кажи ми те молам : ,, Не ти е ли за мене жал ??? “
О ти пеперутке малечка,
дојдена од дамнешна бајкичка,
што леташ по овој силен лад
и која си над секој жал над,
јас ти велам душичке : ,, СРЕЌЕН ПАТ...!!! “
( пеперутките живеат многу кратко, а сепак се највесели, а ние живееме подолго, - па пак поголем дел од животот не сме среќни )
Dopuna: 04 Maj 2011 22:45
- Фуџи -
Татко и малечка ќерка
бегале пред бандити во
планината Фуџи. Бегајќи
стигнале на еден повисок
врв. За да не ги фатат живи
и да не ги измачуваат, таткото
ја фатил малечката ќерка за
рачето и - скокнале.
Девојчето било многу
малечко и не знаело дека
кога ќе паднат долу, дека
ќе умрат.
Во паѓањето, таткото сеуште
држејќи ја ќерката, видел
дека тлото брзо се наближува.
Доле под нив имало едно дрво.
,, Ајде да одиме доле да си
поиграме под дрвото ! “ - и‘
рекол. Девојчето се насмевнало
и кликнало од радост, дрвото
било расцутено во бели
пупки. Тогаш било пролет.
Го чуле ова боговите, и
таму каде што паднале,
таму и ги претвориле во
цвеќиња. Тие се оние
цвеќиња што растат во
пролет под расцутените
дрвја во Јапонија. И двете
се посебни цвеќиња, но
изгледаат како еден цвет,
еден поголем, еден помал.
И тие секогаш се држат еден
се друг со цветовите.
Dopuna: 10 Maj 2011 14:05
- Плажа -
На плажа видов девојка со
убаво тело, ми откри тајна :
нејзината боја бело...
Ја гледав кратко,
секунда или две, ми рече :
,, ...Морево ми е се‘...“
,, ...За него живеам - ми рече, па и
знам сонцето во зима како
пече... “
,, ...Кога сум тажна тое е со
мене, и потоа не се чувствува
она друго време... “
,, ...Кога сум со него никогаш
не сум сама, и само тоа ми
вели дека сум убава дама... “
Јас само ја гледав онака
убава и мила, а косата и‘ беше
како вистинска свила...
Очите и‘ беа како облаков лак,
ја прашав : ,, Дали ќе те видам
пак ??? “
Се насмевна и рече :
,, ...Почекај ме некое утро тука,
јас ќе дојдам исто како
ветрот што лута... “
Секое утро крај морето гледав
и неа ја чекав...
Се прашував дали е секое зрнце
од злато, и кој е кралот
на она лебедово јато ???
Еднаш видов прекрасна
сирена, нејзината боја беше
бела...
Ме погледна со сините очи
мило и лажно, а јас заборавив
на се‘ што е важно...
Се насмевна и оддалеку ми рече :
,, ...сонцето во зима никогаш
не пече... “
,, ...кога сум тажна на дното
се враќам, но силна сум,
рече , и никогаш не плачам... “
,, ...кога сум сама јас со него
си зборам, а да излезам
надвор од него, не дека морам...??? “
Мене ме облеа зрак од тага...,
зошто е животот обична
илузија и лага ???
Добро ја разбрав
што сака да каже,
видов нема намера за ништо да лаже...
Наеднаш силно во морето блисна,
а мене со смеење
со вода ме плисна...
Тогаш и‘ дадов дел од срцето
за неа, а таа ми подари мала
и скршена стрела...
,, ...Знаев дека ќе дојдеш - знам и‘
реков - и секогаш те чекав, па
затоа утрата по плажава шетав...“
,, ...Знаев дека ќе дојдеш и знаев
ќе те видам, па потоа можеби
среќен ќе бидам... “
,, ...Сега те губам, а не знам да
се борам, што и да ветам,
не можам да сторам ...!!! “
,, ...Не биди тажен - ми рече - го
знам јас сето тоа, секое утро
јас те гледав од под вода... “
,, ...Знам со тебе никогаш не
можам да бидам, а толку
сакам со тебе да скитам...!!! “
,, ...Каде и да одиш, јас со
тебе не можам да идам, но
врати се некогаш овде,
барем да те видам... “
= Потоа заминав
Dopuna: 12 Maj 2011 23:15
- Поемата на Скитникот -
Скитникот не се срамеше од тоа што е
Патот беше единственото нешто што тој го знаеше
А небото го следеше секаде како пријател
Во новиот град тој гледаше свој дом
Луѓето гледаа странец со тешките очи
Таа ноќ ветерот им пееше балада на ѕвездите
Утрото Скитникот беше прв буден
Храната од вечерата стана појадок во утрото
Далечината пробуди нешто во него
Очите ну беа влажни...
Погледот му беше стаклен...
Срцето му беше тажно...
Скитникот беше сам
Погледна напред со крената глава
Повторно го одбра новиот пат...!
- Посветено на Старецот Скитник
Dopuna: 27 Maj 2011 16:55
-- Патување --
Кога долго патувам
само тогаш не тагувам,
кога долго шетам
со мислите летам...
Кога скитам,
и каде и да идам,
и каде било да стигнам
- сакам само сам да бидам...
Скитам без цел,
ден, - од ноќ дел,
често дење се кријам,
по цели ноќи скитам...
О кога ли ќе застане,
овој бол да престане,
во патот уште повеќе се заљубив
откога тебе те изгубив...!!!
Dopuna: 27 Maj 2011 17:00
-- Плоча --
Јас тагувам - ти си пееш,
ти плачеш - јас се смеам,
твојот глас - ѕвонче,
мојот бол - плоча...
Таа тажна плоча што се смее
и како ѕвонче саноќ што ми пее :
“ Ти си север - а јас југ,
не сме ние еден за друг ! ”
Dopuna: 27 Maj 2011 17:06
-- Нежност, стакло, зборови,
капка, камен --
Ти беше толку нежна како во
секој момент да ќе се скршиш,
те разгалував долго јас тебе,
сакав кога на раката моја се држиш...!
Твоето чело беше мазно како стакло,
твоите очи најзелени - исто така,
мислев дека секој момент ќе се скршиш,
па за се‘ ти нудев рака...!
Но...твоите усни ме изневерија,
неубаво кажаа - па ме повредија,
уште зборови ми рекоа, па ме ранија,
уште збор - два, сигурно ќе ме убиеја...
И целосна вистина било ова што го чув,
збор што во ноќите тажни го дочув :
знај, - капката камен урива,
свати, - зборот човек убива...
Dopuna: 28 Maj 2011 18:43
= Несоница =
( Кога ноќта е најдолга )
Во главата мисли се вртат,
во умот разни слики идат,
многу од нив не се јасни,
слушам гласови гласни...
Телото ми тежи,
рацете омалаксани,
нозете ми се стаписани,
целосно блокирани...
Не можам да спијам,
а не сум ни буден,
станувам вода да пијам,
а мислам сум во занес чуден...
Несоницата продолжува,
сонот пак се оддолжува,
како некој да ми поставил стапица,
без сон долга несоница...
Dopuna: 28 Maj 2011 18:45
= ??? =
Какво е ова место,
какво е ова време,
ова ми се случува често,
ова ми се случува мене.
Овде нема никој никаде,
никој никаде, а патот е каде,
никого нема, нема правец,
десно вода, лево чамец.
Дали да продолжам,
дали да одам,
дали да препливам,
дали да пробам ?
Целосно сум збунет,
целосно сум збунет,
целосно сум збунет,
целосно сум збунет.
Само некаков ѕвон
во тежок полусон...
Dopuna: 19 Jun 2011 18:10
- Љубовта што е ??? -
За љубовта велат дека бол е,
ех, дека таа сурово боли,
за неа велат пламен дека е,
дека таа гори без да моли.
А велат и само чувство била,
некакво мало, обично чувство,
не секогаш била така мила,
била некакво лошо претчувство.
А јас велам : возвишена е таа !
Нема ништо друго како неа !
Прекрасно нешто е таа мала !
Затоа што : нејзината смеа,
бол, чувства, оган, жар, се‘ е вредно,
па така, - таа е се‘ во едно !!!
Dopuna: 06 Jul 2011 9:25
== Мојата последна желба ==
( Четирите годишни времиња )
Ти посакувам да бидеш
убава како првото цветче
што излегува во пролетта !
Ти посакувам мислата да ти
биде бистра како солзата на
вљубената девојка во летото !
Ти посакувам да бидеш
среќна како летот на птиците
во есента кога одат на југ !
Ти посакувам сонот да ти
биде лесен како падот на
снегулката во зимата !
Ти посакувам се‘...
Dopuna: 18 Avg 2011 22:24
- Забранетата песна за совршениот Ангел во моите очи -
Те запознав и се изгубив себеси,
ти, Ангел од самите небеси,
јас, Скитник, во животот можам да издржам се‘,
но сега без тебе сигурно не...
Песните твои се тајна, збор-два кажуваат се‘,
а јас не знам како, па потоа тешко ми е,
дали ќе ме разбереш без да те загубам,
дали ќе имам потоа нешто друго вредно да изгубам ??
Ти сакаш искреност, рече : ,, Очите никогаш не лажат “,
дали и моите знаат нешто да ти кажат,
прочитај од срцево мое, тоа не знае да лаже,
тоа може само вистина да ти каже !!
( Дали и ти за мене тајно се молиш ??
Што ли мислиш кога гледаш во очите мои ??
Знам дека досега почувствувала, знам дека знае,
но тивка е, молчи, си трае...)
Ти знаеш да го запреш времето,
ти знаеш да ме потсетиш на летото,
ти ме врати во некои времиња други,
ти ми покажа како љубовта најсилно љуби...
Сакам да те допрам силно, но се плашам,
ако ме прашаш дали сум те сакал, како да ти кажам ???
Не сонам повеќе Ангели, туку тебе,
ми велиш : ,, Дојди, седни тука блиску до мене ! “,
ти не знаеш како ми е кога ќе се разбудам,
некогаш сакам воопшто и да не се пробудам...
Толку сакам да бидам со тебе,
толку сакам да ти го слушам гласот кога се смееш,
толку некогаш ми недостасуваш,
се‘ би9 дал за секогаш да се радуваш...!
Ти нудам широка душа и мир,
ти нудам срце колку небесниот шир,
ти нудам сон за да те чувам,
надвор ќе врне, ветер ќе дува...
Заради тебе ќе изградам град!,
со тебе ќе бидам вечно млад!,
заради тебе ќе направам апсолутно се‘,
јас никогаш нема да ти кажам не...!
Ќе ти подарам љубов и чиста душа,
ќе бидам оној што ќе те слуша,
ќе те мазам и галам
ти убава душичке мала...
Не мора да кажеш ништо, зборовите грешат,
мене и онака премногу ми тежат,
заборави на минатото и на се‘,
биди со мене, не ми вели не...
Биди ми ѕвезда што ме води,
биди ми водилка, пат по кој се оди,
само прегрни ме срце мое,
ти злато ми покажа вистинска љубов што е...!!!
|