Poezija - miki_wanderer

1

Poezija - miki_wanderer

offline
  • Pridružio: 03 Maj 2011
  • Poruke: 43

- Розев цвет и сив трн -

Ти беше нежна како цвет,
а јас како грд и сив трн,
ти беше убава како денот,
јас како ноќот прецрн, црн..

Ти дење растеше, цветаше,
денот не беше мој омилен дел,
јас дење се криев, ноќе скитав,
не го обожавав јас денот бел...

Додека ти дење се дружеше
со тревата, поточето и лилјаните,
јас во ноќта со шепот разговарав
со мовта, дождот и лилјаните...

* * * * *

Ти отиде некаде со среќата твоја,
јас останав овде со тагата моја,
розево и сиво, сиво и розево,
ох, толку е различно розево од сивата боја...!



Registruj se da bi učestvovao u diskusiji. Registrovanim korisnicima se NE prikazuju reklame unutar poruka.
offline
  • Pridružio: 03 Maj 2011
  • Poruke: 43

- Tага и жал -

Многумина кога ќе видат
некој убав, преубав цвет,
одма ќе побрзаат да го скинат,
- ех што ти бил и е човекот клет !

А како би било да е вака :
- да сватат дека тоа е мака,
да сватат дека и цветот мал
чувствува и познава бол и жал...!



offline
  • Pridružio: 03 Maj 2011
  • Poruke: 43

- Нешта што не се враќаат -

Овие нешта никогаш не се
враќаат :

времето, затоа што секогаш
поминувало и ќе поминува;

годините, затоа што и тие по
навика одат со времето,
некаде во времрто;

и првиот бакнеж што со текот на
годините и времето не се
променува, и никој друг нема
да биде ист како него !!! ( нели ? )

offline
  • Pridružio: 03 Maj 2011
  • Poruke: 43

- Соништа -

Јас сум сонувал магли,
облаци, ветришта, снег,
во моите соништа доаѓале
и ладности, и мраз, и лед...

И патишта сум сонувал,
улици, раскрсници, врвици,
цветале цвеќиња, дрвја,
летале врапчиња и грлици...

Сум лутал јас во сонот
по беспаќа, по кралства,
сум отишол и најдалеку,
далеку до далечни царства...

И глас ми шепотел, зборел,
во соништата долго ме морел,
во звукот на тој чуден глас
- не сум знаел што сум јас...

Сум сонувал многу сказни,
епови, бајки, песни, приказни,
кога сонот мене таму ќе ме земе,
измешан простор е со време...

Сум сонувал чудни нешта,
во сонот ми идело тоа сето,
но никогаш оттогаш, никогаш,
никогаш повеќе не сум сонил лето...

offline
  • Pridružio: 03 Maj 2011
  • Poruke: 43

- Очите твои -

Јас никогаш, никогаш, никогаш,
никогаш очи не сум ни сакал,
никогаш очи во очи не сум сакал,
да се гледам, да се пратам !

Ако случајно, случајно, случајно,
случајно погледи би се сретнале,
случајно поглед со поглед,
моите очи тоа би го одбегнале !

Но само твоите, твоите, твоите,
само твоите очи сум ги сакал,
никогаш тие не ми предизвикале
ни бол, ни тага, ни некаква мака...!

offline
  • Pridružio: 03 Maj 2011
  • Poruke: 43

- Твоите очи -

Јас никогаш, никогаш, никогаш,
никогаш очи не сум ни сакал,
никогаш очи во очи не сум сакал,
да се гледам, да се пратам !

Ако случајно, случајно, случајно,
случајно погледи би се сретнале,
случајно поглед со поглед,
моите очи тоа би го одбегнале !

Но само твоите, твоите, твоите,
само твоите очи сум ги сакал,
никогаш тие не ми предизвикале
ни бол, ни тага, ни некаква мака...!

offline
  • Pridružio: 03 Maj 2011
  • Poruke: 43

- Постоеја два цвета -

Беше пролет, постоеја два цвета,
тој и таа, два различни света,
еден убав, нежен, розев и мил,
тој трн, грд и сив, наполно див

Иако различни еден од друг,
растеа заедно на стариот друм,
сонцето ги грееше со златен тен,
живееја полека, од ден за ден

Исти зрак нив ги грееше,
исто сонце им се смееше,
исти ветар лисјата им ги вееше,
исто славејче во утрата им пееше

Но помина лош по старит друм,
неубава мисла му падна на ум,
намери да го скине розевиот цвет,
но нешто го запре во самиот лет

Тој испушти слаб пискот и крик,
го заболе свеста за краток миг,
се заврте да види кој му пушти крв,
за несреќа го виде трнот прв

Крена нога и го згазна силно,
со чизмата го погали милно,
опцу, па кажа збор клет,
за среќа го заборави розевиот цвет

Повреден беше сивиот трн,
сега нему му течеше река крв,
почна да умира, можеби е касно,
розевиот цвет му шепотеше, слушнав јасно :

,, Не умирај, немав време да ти кажам,
не можам без тебе, јас те сакам,
не ме оставај сама да бидам,
немам никого, само тебе те имам...“

Му зборуваше така цветот на грдиот трн,
тој собра сила, се исправи до врв,
тој издржа само заради неа,
барем уште еднаш да ја чуе нејзината смеа

Тој се исправи без да зборува,
во очите му пишуваше дека се радува,
знам молчеше како санта мраз,
во болката беше го изгубил својот глас

Конечно го надминаа својот бол,
пладнето пак дојде човекот зол,
повторно го направи потегот клет,
трнот немаше сили пак да го спаси розевиот цвет

Пред да биде скинат цветот тој со поглед упати молба,
на нејзиното лице се појави мала солза,
умирајќи ја наведна главата со ливчиња седум,
со последните сили рече : ,, ...Збогум... “

Тие сакаа да бидат само сами,
а другите успеаја да им најдат само маани,
бараа малку, парче педа,
Скитникот тоа тажно го гледа

И после нив сонце ќе грее,
и тивко ветре ќе се смeе,
јас ги видов...крај друмот стоеја,
а сега исто како да не постоеја

Тој беше тажен и полека свена,
што ќе му е живот, никого нема,
успеа лошиот, на срцето му згазна,
раскажете ја некогаш оваа сказна

( Посветено на Булката и Трнот )

offline
  • Pridružio: 03 Maj 2011
  • Poruke: 43

- Девојче -

Копче, копче,
копченце,
кое е она момиче,
кое е она девојче ?

Исто како јаболче,
црвено дренинче,
слабо како морковче,
русо како црниче.

Со очи како маченце,
со усни како циганче,
со носе како шпенигла,
со веѓи како линија.

Копче, копче,
копченце,
каде ли шета тоа девојче,
по мало цветно ливадче ?

По бело фустанче,
со срамежливо обравче,
со алка на рака,
со насмевка, - што сака ?

Со нозе што трчаат,
од мене што бегаат,
тие усни што шепотат...,
дали за мене говорат ???

Копче, копче,
копченце,
мое кружно,
окружно,

ако друг сака,
не ќе можам да живеам вака,
ќе овенам од мака,
толку многу неа јас ја сакам !!!

Копче, копче,
копченце,
мое тајно.
најтајно...

offline
  • Pridružio: 03 Maj 2011
  • Poruke: 43

- Шах -

Шахот на масата стои,
црно и бело - две се бои,
фигурите си стојат на старт,
- чекаат некој да игра пак...

Еднаш знам јас сум прочитал,
еве баш ова сум го отчитал :
,, Живот, како шаховска табла,
црно и бело - тоа е казна.“

Да би бил животот
само црн, или бел,
никој да сака да живее
- ниту би сакал, - ниту би смел !

offline
  • Pridružio: 03 Maj 2011
  • Poruke: 43

- Ти не знаеш колку си убава -

...Ти не знаеш колку си убава,
и од црвена зора си многу поубава,
мирна како кога е сончево пладне,
тивка како вечер кога ќе падне...

... И како небо прполно со ѕвезди,
и месечина кога по него езди,
и така мистериозна како полноќ,
добра ноќ моја недопирна убавице...

...ДОБРА НОЌ...

Ko je trenutno na forumu
 

Ukupno su 849 korisnika na forumu :: 33 registrovanih, 9 sakrivenih i 807 gosta   ::   [ Administrator ] [ Supermoderator ] [ Moderator ] :: Detaljnije

Najviše korisnika na forumu ikad bilo je 3466 - dana 01 Jun 2021 17:07

Korisnici koji su trenutno na forumu:
Korisnici trenutno na forumu: A.R.Chafee.Jr., amstel2, Apok, awathorn, babaroga, Boris90, caesar, dankisha, dejanru, Despot1, DonRumataEstorski, gorantrojka, Insan, ivan979, Konda, krkalon, MB120mm, naki011, NoOneEver Dreams, novator, Ognjen D., Oluj2.1, ostoja, Pohovani_00, RJ, S.Palestinac, Sale.S, Srki94, Srki98, Srky Boy, Steeeefan, Toni, Warhawk